Истражувањето го прават двајца професори од Универзитетите Мичиген стејт и Нотр Дам, кои ангажираат над 100 вработени во здравство. Учесниците биле фотографирани и "оценети за својата физичка убавина од оние кои не биле запознаени со студијата."
Откако биле оценети за нивната убавина, тие биле запрашани за "степенот до кој нивните колеги ги третирале нив на нечовечки начин."
Резултатот не многу човечки. Испитаниците кои добиле пониски оцени за убавина, пријавиле повеќе случаи на малтретирање. Во основа недостатокот на самодоверба надополнет со помала физичка атрактивност речиси гарантира малтретирање.
"Не е само до особините на оној што малтретира, туку важни се и карактеристиките на оние што се малтретирани. Откривме дека и внатрешните (личноста) и надворешните (физичката привлечност) карактеристики влијаат на степенот на негативното однесување на останатите кон вас," објаснува професорот Тимоти Џаџ, од Универзитетот Нотер Дам.
Како што објаснува Џаџ, од претходните истражувања е познато дека "физичката атрактивност влијае на тоа дали некој ќе биде вработен, колку ќе заработува, колку ќе биде успешен во кариерата, а сега знаеме дека ова ќе влијае на тоа и како тој ќе биде третиран на работа."