Причината, ако им се верува на научниците, е дека сме почнале да сакаме музика бидејќи тоа ни помага да ги засилиме нашите врски со заедницата.
Од Журналот за карактер и социјална психологија, пишуваат:
"Студијата утврди дека човечката музикалност е специјална форма на социјално спознавање. Ова ја дава првата директна поддршка на хипотезата дека музиката еволуирала како алатка за социјално живеење."
Истражувачите направиле анализа на неколку претходни студии кои ја истражувале врската меѓу реакцијата на музиката и желбата да се припаѓа на нешто. Резултатите биле во корист на теоријата, оние кои имале поголема желба да припаѓаат кон нешто исто така имале и подлабока реакција на музиката.
Овие резултатите се спротивни на истражувањата од изминативе неколку години според кои уживањето во музиката е поврзано со системот на награди во мозокот. (Иста активност која се забележува како одговор на храна, дрога и секс.)
Филозофот и композитор Леонард Мајер во Емоцијата и значењето на музиката, ја истражува идејата дека емоцијата во музиката се сведува на она што го очекуваме.
"Објаснувањето на Мејер се базира на една претходна теорија за емоциите според која тие се создаваат кога не можеме да задоволиме некоја желба. Според него одредени звучни шаблони го мамат слушателот да предвидува што ќе биде следно во аранжманот (песната). Резултатот е серија емоции кои прават да уживаме во музиката која им ја пуштаме на нашите уши," пишува Вајс.