Според истражувањето на британскиот психолог Кевин Датон, еве ја листата од топ десет професии во кои има најмногу психопати:
1 извршен директор
2. адвокат
3. вработен во медиум (тв/радио)
4. продавач
5. хирург
6. новинар
7. полицаец
8. свештено лице
9. готвач
10. вработен во државна администрација.
Според истото истражување, во следниве професии има најмалку психопати:
Здравствен работник, медицинска сестра, занаетчија, стилист, хуманитарен работник, учител, креативен уметник, доктор, сметководител.
За психопатите најчесто сметаме дека завршуваат како убијци. Но, проценките се дека во затворската популација, само 15-20 проценти се психопати.
Психолозите во последно време се занимаваат со прашањето дали е можно да се создаде програма за "успешни психопати", односно дали некои нивни карактеристики можат да бидат искористени за ефикасно и полезно живеење во околината. А не сите карактеристики на психопатите се страшни, добар дел од нив можат и да го објаснат изборот на професијata. Меѓу другото, психопатите имаа самодоверба, знаат да бидат шармантни, манипулативни, егоцентрични, безчувствителни и добро да се снаоѓаат под притисок.