Како отпушта генералниот на АОЛ

Првиот човек на американскиот комуникациски и медиумски гигант отпушти еден свој директор пред 1.000 други вработени. Му требаа едно 4 секунди.

ЦЕО-то на АОЛ Тим Армстронг ладно го отпушти креативниот директор на платформата за локални вести Patch, Ејбл Ленц пред огромен број вработени. 

Отказот бил соопштен за време на конференциски разговор на Армстронг со луѓето ангажирани околу Patch. Минута - две најава дека за вработените доаѓаат тешки денови, потоа се слуша командата:

"Ејбл, веднаш да си ја спуштил камерата, Ејбл, отпуштен си, надвор!" за после само неколку секунди да продолжи со прекинатата мисла.

Попосле Армстронг рекол дека протекувањето на внатрешни информации кон медиумите ја прави платформата да изгледа губитнички иако вработени во АОЛ велат дека Ленц редовно снимал фотографии од состаноците кои потоа ги ставал на затворениот сајт на компанијата.

12 август 2013 - 19:26