Опра реанимира формат кој во екс југословенските медиумски простори беше познат како "Чукаме на вратата на заборавените асови" па снима сегменти со некогашни познати лица кои попат се изгубиле од очите на јавноста.
Во подледниот сегмент на "Каде се сега?" кај Опра гостуваше Фаб Морван, идеалната половина од некогаш популарното дуо Мили Ванили.
За читателите родени пред Нокиа шестката, Мили Ванили изледаа вака:
И сè беше идеално во траекторијата на ова дуо сè додека не се откри дека нивните песни се должат на концептот "гласовите ги позајмија" и дека она што го слушаме во нивните песни не се тие туку студиски
музичари а двајцата лепотани само отвораат уста.
Светот на Мили Ванили се сруши моментално. Особено трагично за партнерот на Морван, Роб Пилатус кој упадна во светот на дрогите и криминалот а на 33 годишна возраста беше најден мртов во соба на еден франкфуртски хотел.
Фаб Морван денес вели дека срамот со Мили Ванили го поднел многу тешко а смртта на пријателот особено. Сепак, жив е и здрав е, се занимава малку со мода а малку со музика. Живее во Амстердам и има нов албум со електронска денс музика наречен "Fabulous Addiction". Се колне дека овојпат гласот е негов.