Пол Ален е милијардер, филантроп, ко-основач на гигантот Микрософт, сопственик на три професионални спортки екипи и од пред некое време има албум.
Албумот се вика "Everywhere at Once" и го потпишуваат Paul Allen and the Underthinkers. 13 олд-скул рок блуз песни на кои Ален е коавтор. Криси Хајнд од Притендерс, луѓе од Лос Лобос и Иглс се појавуваат како гости на албумот.
"Снимањето ми дојде како награда. Низ годините собравме 70-тина песни и требаше да одбереме само дел од нив. Во животот имав среќа да свирам со некои од најголемите гитарски имиња на светот и ќеиф ми е што некои од нив ми беа гости на албумот," изјави стариот рокер.
Малку мекичка, гитарска музика, не толку лошо. Еве чујте.
Претходно, албум издаде и основачот на Групон, Ендру Мејсон, помпезно замислен како музика за инспирација на млади бизнисмени и претприемачи.