Меѓу 50 и 80 проценти од затворениците (зависи кого прашуваш) во швајцарските затвори користат марихуана, а според изјавите на стражарите за Меѓународниот журнал за политика за наркотици, марихуаната е релативно безбедна дрога и притисокот за нејзина забрана во затворите ќе има повеќе негативни последици отколку позитивни.
Во истражувањето и затворениците и стражарите ги опишале ефектите на марихуаната како аналгетички, смирувачки и како начин да се намалат траумите од служење затворска казна.
Како негативните последици тие ги навеле постојаната поспаност, социјалната изолираност и зголеменото чувство за опасност.
Двете страни исто така биле сложни дека евентуалното засилување на забраните за користење марихуана во затворите само ќе ги наруши односите меѓу нив и ќе предизвика повеќе проблеми.