Мажи, па и не мора

Жените се уверени дека мажите не ги бива за ништо, ама сепак ги чуваат по дома бидејќи ќе се најдат за една, две работи.

Најкорисна употребна особина на мажите (според жените) е способноста да сменат гума (според 73% од испитаничките), околу 60 проценти од жените се крстат во машката умешност да убијат пајак, а само 56% сметаат дека не' бидува за правење скара. Мажите се толку паднати во очите на жените што едвај половина сметаат дека спротивниот пол е добар во пиење.

Од друга страна, жените сметаат дека мажите се бескорисни за:

- бирање работи за по дома
- готвење на компликувани јадења
- купување подароци (општо)
- купување облека за партнерот
- танцување
- домашни задачи
- следење на модата
- земање на децата од училиште

Во основа 75% од над 1000-та испитанички се согласиле дека мажите се доволно добри во вештините кои ги интересираат.

6 август 2013 - 19:02