Фабирате ли вие?

Ништо страшно ако не сте слушнале за болеста на 21-от век наречена фабинг (phubbing), бидејќи терминот постои само еден месец. А се однесува на сите пациенти кои претеруваат со мобилните.

Време: Автохтон проблем на 21-от век

Манифестација: Лицето на пријателот закопано во екранот на неговиот телефон.

За што зборуваме? За фабинг.

Што тој збор означува? Ги означува оние луѓе кои сред твој муабет можат да прснат од смеење и таман да помислиш дека си им забавен, да ти кажат: "Извини, не ти се смеев тебе, видов нешто на Твитер". Или оние кои решиле да проверуваат меил а само двајца сте на маса. Или оние кои вршат директен пренос на свадба преку Твитер.

Стручно кажано, фабирањето е омаловажување на луѓе од својата околина со тоа што буљиш во телефонот наместо да им обрнеш внимание.

Според кого тоа? Според еден веб сајт која тера меѓународна кампања за стопирање на фабингот.

Како може да се приклучите? Да даунлодирате постери "Stop Phubbing" за во кафиќи, да ѕирнете познати фабери како Викторија Бекам или Елтон Џон или директно да укорите свој пријател ставајќи негова слика во рубриката "Засрами фабер".

Сајтот има и "вознемирувачки" статистики дека на 97 проценти од луѓето храната им прави помалку ќеиф ако се жртви на фабинг или дека 92 проценти од фаберите повратници завршуваат како политичари.

Малку звучи на заебанција? Па, да, заебанција е. Ама не дека не е точна.

6 август 2013 - 16:59