Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Прашање од 20 милиони долари: Зошто никој не ги сака демократите?

Шест месеци откако на изборите претрпеа катастрофален пораз, американските демократи се организираат за да ги откријат причините зошто се отуѓиле од сопствената гласачка база. Партиските лидери во луксузни хотели направија стратегија како да си го пронајдат сопствениот 'рбет и спремни се да потрошат милиони за да проучат зошто одамна го изгубиле.

Протеинските чоколатца се пола бадијала

На популарните протеински плочки се гледа како на брз и ефикасен начин да се внесат толку посакуваните протеини потребни за енергија, мускули и слично. Не е сè така идеално. Испитале преку илјада разни видови протеински плочки. Дури и оние кои не мамат за количината протеини кои ја содржат, орагнизмот не може ни половина од тоа да искористи.

Западот ѝ дозволи на Украина да гаѓа кај што сака во Русија

Мировната иницијатива на Доналд Трамп за да запре војната во Украина сепак се покажа само како затишје пред бура. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Западот ги исцрпил сите дипломатски средства и преминува кон воена поддршка за Киев. Сојузниците ќе ѝ доставуваат долгострелно оружје на Украина со дозвола да гаѓа цели длабоко на територијата на Русија.

Француски министер сака да забрани кеш, руски олигарх пензии

На што се не се спремни политичари, само за да ги решат сопствените проблеми. Француски министер побара да се укине кешот за да нема како наркобосовите да перат пари. Како да е еврото само нивно. Руски олигарх и политичар пак би ги укинал солидарните пензии, за да го крене наталитетот. Тоа би ги мотивирало Русите да имаат повеќе деца за да има кој да ги храни кога ќе остарат. 

Естонските деца ќе учат вештини, за сè друго тука е ВИ

Додека половина свет запнал да им ги одземе телефоните на децата додека се во училиште за да можат да ја следат наставата, Естонија ги охрабрува да ја користат новата технологија. Од септември задолжително ќе се служат со алатка со вештачка интелигенција. Нема потреба децата да учат лекции на памет и да пишуваат состави, кога ВИ тоа го прави подобро и побрзо. 

Брегзиташи повикуваат на отпор за договорот со ЕУ

„Ресетирањето на Брегзит“ на Кир Стармер ја враќа Велика Британија во орбитата на ЕУ. Договорот го поканува Брисел да се меша во неколку критични области на британската политика, од земјоделството и риболовот до енергијата и одбраната. Што доби Велика Британија за возврат за откажувањето од толку многу суверенитет и контрола? Според лорд Фрост, главниот преговарач за Брегзит на Борис Џонсон, ништо вредно.

Сперма од донатор им донела рак на десетици деца

Дебатата за тоа колку често треба да се користи сперма на ист донатор се разгоре во Европа, откако 67 деца биле зачнати со сперма на маж со ретка мутација која предизвикува рак. Кај десет деца е дијагностициран рак. Дури и прегледите да се максимално темелни, а не се, постои ризик донаторот да страдал од сериозно нарушување што без да знае им го пренесува во наследство на многу деца.

ЧетГПТ почна да одбива човечки наредби

Неколку модели со вештачка интелигенција на Опен АИ се првите што одбиле експлицитна наредба од корисник. Моделот о3, промовиран како „најпаметен и најспособен“ во својата лоза, дури и самиот си го сменил компјутерскиот код за да спречи автоматско исклучување. Така бил воспитан - кога го обучувале повеќе се ценело да решава проблеми отколку да следи директни наредби.

Паркинсон се крие во позелена трева

Слично на фармерите, и луѓето што живеат во близина на терени за голф се изложени на значително поголем ризик од Паркинсонова болест, покажуваат резултати од ново истражување. Како причина  се истакнуваат пестицидите со кои се прска тревата за да биде мазна и зелена. Уште поголема опасност е подземната вода од терените, во која навлегуваат отровните хемикалии. 

Приказната за шпанскиот блекаут се распаѓа

Официјалните објаснувања за неодамнешниот масивен прекин на струја во Шпанија, најлошиот куршлус што ѝ се случил на некоја развиена земја, сè повеќе мириса на обиди за прикривање на вистината. Дали на обвинителската клупа за ова фијаско треба да се најде социјалистичката влада, а не зелената енергија?

„За многу години“ = „за многу ноќни ерекции“

Самопрогласениот „биохакер“ кој е убеден дека успева да го сопре и врати назад биолошкиот часовник тврди дека оние мажи кои немаат ноќни ерекции, имаат 70% повеќе шанси да умрат предвреме. Знае тој за темава бидејќи 30 експерти секој ден го мониторират и му ги мерат сите можни параметри, меѓу нив и ерекциите. А бројките не се лесни за постигнување.

Луѓето уште се динстаат

Иако е раширено уверувањето дека еволуцијата на човекот во биолошка смисла одамна е завршена, пред очи ни се случува еволуција, поттикната од потребата за адаптација на човекот на средината во која живее. Луѓето од Тибет, на пример, продолжуваат да еволуираат и да се прилагодуваат на светот околу нив а записите за нивните адаптации се запишуваат во нивните телата, пренесени првенствено од мајките. 

Изборите во Романија беа травестија на демократијата

Како одговорија лидерите на Европската Унија на антидемократските махинации на романската држава? Дали кренаа глас за да ги осудат? Како да не. Тие гледаа на друга страна, уште полошо, тие ги поддржаа правните маневри за задушување на волјата на гласачите како тактика што треба да се користи против други бунтовнички популистички политичари и партии во Европа.

ЦЕРН ќе вози антиматерија низ Европа

Натовариле антиматерија во камион... звучи како увертира во виц или сценарио за дистописки филм. А токму тоа го направи ЦЕРН за да може да ги проучува честичките што се исти како материјата, само обратни. Префрлиле протони на растојание од 4 километри, а сака да вози антипротони до Хановер, некои 800 километри по јавни патишта. Уште да се најде јунак што ќе седне зад воланот.

Пенито брои ситно

По речиси два и пол века ќе биде укинато американското пени со кое одамна не може ништо да се купи. Државната ковачница ќе заштеди милиони, бидејќи производството на монетата од 1 цент чини речиси четири пати повеќе. Како што инфлацијата ги јаде парите, а луѓето користат картички, денес се загрозени и банкнотите. Пенито го има по касички, тегли или дупки во каучите.

Застарени толкувања на правата на мигрантите во ЕУ штитат криминалци

Девет европски земји побараа да се преиспита начинот на кој Европскиот суд за човекови права ги толкува одредбите од Европската конвенција, особено за мигрантите. Толкувањата не се прилагодени на актуелните предизвици и во многу случаи заштитуваат криминалци и погрешни лица и воедно ги ограничуваат земјите да носат политички одлуки во сопствените демократии.

САД свесно криеле дека мРНК вакцините се ризик за срцето

Највисоките здравствени институции во времето на Џо Бајден со месеци свесно ги криеле од јавноста предупредувањата дека мРНК вакцините против ковид може да предизвикаат воспаленија на срцето. Лекарите што укажувале на ризикот биле цензурирани и обвинувани дека шират дезинформации. Во тие неколку месеци стотици млади вакцинирани Американци развиле миокардитис.

Кампања на ЕУ од 649 милиони евра против слободата на говорот

Зад повиците од ЕУ за борба против „говорот на омраза“ и „дезинформациите“ се крие огромна инфраструктура за уништување на слободното изразување, критикува аналитичар од бриселски тинк-тенк. Тој предупредува дека целта на Европската комисија не е да го заштити општеството од опасни идеи, туку да ја заштити владејачката идеологија од демократски предизвици. 

Батерии дишат CO2 и даваат струја

Батериите денес се меѓу најбараните производи во светот, не само за во електричните автомобили, туку и за складирање на струјата од обновливите извори, кои се нестабилни и зависат од временските услови. На пазарот наскоро може да се замеша нов тип батерија на која не може да ѝ се најде маана – за да создаде струја се храни со јаглеродниот диоксид од воздухот.

А да ги излечиме комарците од маларија?

Битката против маларијата главно се сведува на масовно уништување на комарците, кои ја пренесуваат заразата. Да беше тоа ефикасно маларија одамна ќе немаше. Инсектите со време стекнуваат отпорност на отровите. Научници предлагаат нов пристап - да се излечат комарците. Малите летечки крвопијци ќе зујат и ќе нè касаат но барем нема да ни пренесат маларија.

Франција бара акција против исламистичкиот екстремизам

За да ги заштити секуларноста националното единство, Франција мора да се пресмета со политичкиот исламизам од Муслиманското братство, кој суптилно се шири од локалните заедници, се предупредува во владин извештај. Се бара решителна акција и јавна свест против субверзивни влијанија. Меѓу првите мерки ќе биде забрана девојчињата да носат шамии на јавни места.

Какви што се родени, такви ќе служат војска

Армијата на САД ќе ја промени евиденцијата на трансродовите војници и ќе го запише само нивниот биолошки пол при раѓањето. „Полот на еден човек е непроменлив во текот на животот“, се образложува во препораката. Војниците што си го промениле полот ќе мора да се прилагодат на обраќањата и ќе мора да ги користат тоалетите соодветни на нивниот биолошки пол.

Кинези вратиле нов вид бактерија од вселената

Бактерија што живее во канализација и предизвикува сепса се протнала во вселенска станица и мутирала во нова сорта, прилагодена на најсурови услови за живот. Кинезите сега ја анализираат во лаборатории за да откријат дали може да ја искористат за идни вселенски мисии или за заштитни обвивки. Сè уште не е утврдено дали новата бактерија го загрозила здравјето на астронаутите.

Види, види, кој тоа не ни се вакцинирал

Врвна здравствена функционерка во САД призна дека никогаш не примила вакцина против ковид. Уште помалку би го направила тоа сега, кога подобро ги знае ризиците. Администрацијата за лекови најави дека ќе одобрува имунизација против ковид само за постари од 65 години и сериозно болни. Младите, здравите и ревакцинираните немаат потреба да се изложуваат на ризик од нови дози.