Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Снег што може да ја изненади Русија

Само во петокот во Москва паднаа 25 сантиметри снег, и тоа откако цела недела претходно градот секој ден беше потрупуван со снег.

Редакција на лизинг

Како дел од спасот од банкрот, весниците во САД почнаа да ги даваат на лизинг бироата на нивните поранешни новинари.

Монти Пајтон и Светата распродажба

Џон Клиз се стави на "тотална распродажба," откако дојде ред да го отплаќа долгот за третиот развод кој го чини 12,5 милиони фунти.

Индексот на погрешна маса

Индексот на телесна тежина (БМИ) сега има и математичка основа по која не го бидува, според која високите луѓе цело ова време погрешно биле прогласувани за дебели.

Сите ќе носиме венчален прстен

Дури ни Гугл не верува дека вашите пасворди се безбедни. Кога ни повеќефазните логирања и сериозни енкрипции не ги даваат очекуваните резултати, се размислува за хардверско решение на проблемот – усб бижутерија.

За туѓи пусти вегани

Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.

Адвокат за сè ќе најде тарифа

Адвокат за разводи има секс со своја клиентка, на први сосема регуларно ѝ наплаќа за времето потрошено за секс како дадена услуга. Дали од љубомора или по правила, добива 15 месеци суспензија.

MEGA, архинепријател на авторските права

Деновиве постепено низ цел свет треба да биде пуштен МЕГА сервисот на Ким Дотком, кој сериозно се заканува засекогаш да го демонтира комплетниот светски систем на авторски права.

Конечно интернетот помогна некому да има секс

Среќникот е тој десно на сликата, "жртвата" е таа лево, условот околу кој помогна интернетот го имате на жолтиот хамер. На здравје нека му е.

Зошто грипот е сезонски?

Директорот на американското национално биро за алергии и заразни болести предупреди дека ова може да биде најлоша сезона на грип во изминатава деценија.

Кога Гугл ќе удри на недвижности

Гугл плати 1 милијарда долари само за земјиштето во центарот на Лондон на кое треба да се гради британското седиште на компанијата. Не, не го купи пола Лондон.

Како да сместиш 8 соби во 39 метри квадратни

Затоа што просторот потребен за комотно живеење во Њујорк чини повеќе пари отколку што има кој било реален човек, некои луѓе најдоа начин како да сместат цел стан во една гарсоњера.

Дезодоранс, па макар и да е вишок

Иако како редакција не можеме доволно да нагласиме колку сме "про" користење дезодоранси, па макар и коса да ти паѓа од тоа (подобро од тоа, отколку од не користење), научниците тврдат дека на некои луѓе и не им треба дезодоранс. Она што сакаме да го потенцираме е и дека неверојатно големи се шансите ти да не си еден од тие луѓе.

Интернет 2012

Во 2012 бројот на меил корисници во светот пораснал на 2,2 милијарди, кои дневно праќаат околу 144 милијарди мејлови. Годишниот извештај за користењето на интернет во 2012-та.

Том Јорк до премиерот: Глеј пипни!

И кај нас ова може да го каже музичар. Ако има договорена тезга за спротивната кампања. Том Јорк му порача на британскиот премиер ни под разно да не помислува да ја користи неговата музика за политички цели за да не му стегне тужба која ќе го "истрасе од гаќи".

Кога ѓубрето е мило колку и животот

Еден од оние опсесивно - компулсивни собирачи на се и сешто, најден е потрупан со ѓубре во својот дом од каде морал да биде спасуван со помош на моторна пила.

Зграден кариес

И облакодерите имаат свој рок на таење. А нивното класично уривање е многукратно зезнато, особено во густо изградени средини. Јапонците најдобро го знаат овој проблем бидејќи имаат 797 згради повисоки од 100 метри. А кога Јапонецот има проблем, тој го решава.

Програмер фатен во офсајд

Програмер кој заработувал 6-цифрена плата добил отказ од работа, откако неговите шефови сфатиле дека тој некако премногу добро си ја завршува работата.

Кофишоп Пјонгјанг

Најзатворената држава на светот, која го контролира секој можен сегмент на животот на своите граѓани, во исто време и рај за пушачите на марихуана. Додека владата има смртно сериозен став кон тешките дроги, марихуаната во Северна Кореја воопшто не се смета за дрога.

За град без казни за паркинг

Кандидат за докторат на тема транспорт и урбана инфраструктура, добива казна за паркирање. Неколку месеци подоцна смислува нов систем кој комплетно ќе ја уништи потребата од казни за паркирање.

Русија се разбуди од Нова година

Со комплетно неверување, лондонски Гардијан вака го почнува текстот: "Додека во најголемиот дел од светот, Новата година значи свеж почеток, време за новогодишни одлуки, зачленување на фитнес и ветување за поголема продуктивност, во Русија таа означува две недели пиење без престан."

Кога си крив, крив си за сè

Кока-кола деновиве објави една нова реклама, и како за видео во кое нема оружје, ругање на некоја религија или убивање на мали фоки, направи неочекувано голема расправија.

Милионерите не веруваат во наследство

Во едно неодамнешно истражување 80% од американските милионери изјавиле дека веруваат дека секоја генерација треба да е одговорна за создавање на своето богатство. Со други зборови - децата да не се надеваат многу на наследство.

Кој беше Аарон Шварц и што е контроверзата со него

Аарон Шварц е човекот кој беше дел од создавањето многу стварно интересни и потребни работи. Тој на 14 години учествуваше во правењето на "RSS" протоколот, кој служи за читање на веб страни без да мора да ги посетувате.