Според директорот на PNC Wealth Management (кои го спроведуваа истражувањето), Стив Папатера, иако е човечки родителите да сакаат нивните деца да имаат подобар живот од нив, сепак премногу финансиска поддршка може да има негативни долгорочни последици.
За 84% од милионерите најважна цел била да одгледаат успешни и трудољубиви деца. Но и покрај желбата за самостојни деца, речиси 91% од родителите своите деца повеќе ги помагаат отколку што тие добивале помош од своите родители.
Најголемата помош е во плаќање на школувањето (81%), купување на автомобили за своите деца (61%) и купување или учество во купување на куќа / стан (45%).
Инаку, над 80% од милионерите веќе имале направено тестамент, а само 20% од нив во тестаментот навеле предуслови нивните деца треба да ги исполнат за да ги добијат парите.