Анам Ардесири, добива казна од 32 долари, затоа што автомобилот го оставил две минути подолго од лимитот за паркирање.
Тој смислува нов план, кој се базира на идејата дека возачите се подготвени ако треба да платат и повеќе само за да не добијат казна.
На годишната конференција на Transportation Research Board, Ардесири го престува својот план, кој предвидува наместо плаќање однапред, најавување и одјавување од паркингот. Откако ќе се паркираш, ја минуваш кредитната картичка на мерачот на време. Тој да дава сметка и таа ја ставаш на шофершајбна. На враќање, пред да излезеш, ја земаш сметката и ја враќаш во мерачот на време, тој проверува колку време си останал и дури тогаш сумата ја наплаќа на твојата картичка. "Исто како во која било паркинг гаража," објаснува Ардесири.
На овој начин возачите ќе се спасат од казни, но разликата во приходи градот би си ја наплатил така што цената по час би била скалеста (првиот час би бил 2 долара, вториот четири...).
Наспроти предлогот на Ардесири, најголемата слабост на сегашниот систем е што луѓето кога паркираат, мораат однапред да знаат колку време ќе останат, па според таа процена и однапред да платат.