Странските посетители на земјата редовно зборуваат дека на нивното патување, патот од границата до Пјонгјанг е преполн со полиња со марихуана.
Во самиот Пјонгјанг (и низ остатокот на земјата) пушењето марихуана е еден од ретките мераци во кои граѓаните можат да уживаат. Марихуаната воопшто не е табу тема, а најголем дел од жителите ја имаат пробано. Таа е посебно популарна меѓу младите војници.
Статусот на марихуаната е дека таа не е легална, ама е дозволена.
И покрај ваквиот статус на марихуаната (и опиумот), ако кој било странски посетител побара од "специјалното растение," неговиот водач најверојатно ќе го избегне прашањето.
Причината за користење марихуана во Северна Кореја, се разликува од причините во остатокот на светот. Таму не се пуши за да се "надуваш" туку го правиш тоа за да заштедиш пари, да одмориш од пушење на тамошните цигари и да се опуштиш по цел ден тешка работа. Марихуаната се продава на црниот пазар, евтина е и лесно се наоѓа, заради што е посебно популарна меѓу пониските класи.
Уште една работа по која се разликуваат Северно Корејците е што таму тревата ја виткаат во страни од дневни весници. Единствено, не смеат да скинат или да свиткаат страница на која го има големиот лидер.
Веројатно најголемо разочарување е што тревата не е многу силна.