CNET reports пишува дека во Гугл се експериментира со прстен во кој ќе бидат сместени сите пасворди и потребни податоци за логирање на компјутер или сервис. Прстенот во УСБ порта, се автентицирате и продолжувате понатаму. Нема потреба да памтите кој пасворд за каде ви беше ниту пак да го пишувате или ѕверите во кепчата.
Прстенот е одбран како дел од опрема која човек ретко ја вади од себе ама се размислува за опции пасвордите да бидат вметнати и во друг дел од накит, по вкус на корисникот.
Значи, најголема опасност да ви го хакнат и комплетно сменат животот е кога се бањате. Исто како во затвор.