Таг: енкрипција

Експерти ја открија тајната на последното писмо на кралицата Мери

Вечерта пред нејзината егзекуција во 1587, шкотската кралица Мери напишала нешто што се смета дека е нејзино последно писмо и тестамент. До сега тоа беше „заклучено“.

Фејсбук не ви ги чита пораките на Вотсап, освен кога ви ги чита

Милиони пораки разменети преку апликацијата на Вотсап, кои наводно треба да се енкриптирани и недостапни за никого освен за луѓето што ги праќаат/примаат, редовно се евидентирани и читани од вештачка интелигенција или луѓе модератори на Фејсбук, открива истрагата на Пропублика.

Телеграм ќе треба да им ги предаде клучевите за енкрипција на руските власти

Апликацијата за енкриптирани пораки го изгуби случајот и пред Врховниот суд на Русија, во кој се обидуваше да ги оневозможи безбедносните служби во земјата да имаат пристап до пораките на нивните корисници.

Американски разузнавачи се обиделе со мито да го хакнат Телеграм

Рускиот основач на безбедната апликација за енкриптирани пораки, Телеграм, објави дека американски разузнавачки агенции се обиделе директно да поткупат двајца програмери што работат на апликацијата, кои за возврат требало да ја олеснат енкрипцијата со што директно би ја направиле комуникацијата полесна за следење.

За интернет се потребни тројца

Казахстан го прави она што одамна е "мрачен предмет на желбите" на многу властодршци. Во шифрираната интернет комуникација меѓу две страни, да се отвори простор и за трета. Погодете која.

Девојчето со к̶и̶б̶р̶и̶т̶ч̶и̶њ̶а̶т̶а̶ пасвордите

Донекаде слична приказна со познатата сказна на Ханс Кристијан Андерсен, со тоа што овде девојчето не замрзнува на улица.

Кои пасворди треба ВЕДНАШ да ги смените?

Грешка во енкрипцијата наречена Heartbleed деновиве дига голема паника меѓу корисниците бидејќи се работи за една од најголемите безбедносни дупки во историјата на интернетот. Ние го проверивме нашиот сајт, Mashable  се занимаваше со другите.

Енкрипција станува македонски збор

Ги знаете оние статии кои почнуваат со "Истражувачи на Универзитетот XY дошле до генијално решение..." Е па, популарниот магазин за технологија Гизмодо за новата енкрипција на екипата на нашите Анета Стефановска и Томислав Станковски.

Сите ќе носиме венчален прстен

Дури ни Гугл не верува дека вашите пасворди се безбедни. Кога ни повеќефазните логирања и сериозни енкрипции не ги даваат очекуваните резултати, се размислува за хардверско решение на проблемот – усб бижутерија.