Експерти ја открија тајната на последното писмо на кралицата Мери

Вечерта пред нејзината егзекуција во 1587, шкотската кралица Мери напишала нешто што се смета дека е нејзино последно писмо и тестамент. До сега тоа беше „заклучено“.

За „летерлокинг“-от или заклучувањето на писма, неколку векови старата вештина на пакување на пораката така за никој да не ја прочита пред таа да стигне до вистинскиот адресант, сме пишувале и порано. Тогаш ја спомнавме кралицата на Шкотите, Мери, и нејзиното последно писмо до деверот, кралот Анри Трети од Франција. Иако е напишано непосредно пред нејзиното погубување, во два наутро на 8 февруари 1587, таа успеала да го пресвитка со неверојатна прецизност. Тоа го направила согласно техника позната како „спирално заклучување“. Користејќи сложена серија на дипли и преклопувања, таа го претворила писмото во вистинска енкриптирана порака.

Нејзината вештина била толку голема што истражувачите цела модерна историја се мачеа за целосно да сфатат како го го направила ова. Сега, експерти од MIT и од Кралскиот колеџ од Лондон, тврдат дека го пробиле кодот. 

Во статија објавена во Електронското списание на британската библиотека, истражувачите детално ги прикажуваат неверојатните чекори кои Мери успеала да ги направи и покрај сиот притисок на смртната казна која ја очекувала следниот ден. 

Согласно оваа техника, писмото е истовремено и сопствен коверт - нешто што се практикувало стотици години. Таа подразбира 30 чекори и вклучува режење на „брава“, која личи на меч или бодеж, на празната маргина на листот. Оваа „брава“ дејствува како игла и се вшива во писмото откако тоа ќе се превитка. 

Еден погрешен чекор и целиот процес би требало да почне одново. Ова не е мала работа за 16 век, време кога хартијата не била индустриски произведувана и била ретка. Писмата служат како средства за комуникација, но исто така и како начин за проучување на културолошките секирации околу приватноста и тајноста. Заклучувањето писма ја претставува врската помеѓу физичките техники на древниот свет и модерната дигитална криптографија. 

15 декември 2021 - 18:03