Кај нас деновиве има десетина пациенти сериозно заболени од сезонски грип, а во САД 7,3 проценти од смртните случаи од почетокот на оваа година се резултат на пневмонија и грип.
Во умерените климатски подрачја вирусот најмногу се шири во есен и зима. Истражувањата покажуваат дека во остатокот на годината, тој ги користи зачестените патувања на луѓето за да се запознае со егзотични типови вируси од други места, со кои си разменува генетски информации па се враќа, доволно променет за да го измами нашиот имунолошки систем.
Постојат три вида причини зошто грипот е сезонски:
Атмосферски: На вирусот му е најубаво во студени и суви временски услови. Преживува подолго кога времето е ладно и суво, а има и подолг рок на траење на студени површини (кваки и слично). Идеална температура за него е 4 целзиусови степени и 20 процентна влажност на воздухот. Слабее кога температурата и влажноста растат па на 30 степени и 80 проценти влажност веќе не се пренесува.
Човечко однесување: Почеток на училишната година и поминување се поголем дел од денот во затворени простории. Дури и во подрачја во кои не е ладно, вирусот се шири брзо кога заради сезонските дождови луѓето се принудени да се збираат внатре.
Физиологија: Кратките зимски денови и минувањето на денот во затворен простор го намалуваат количеството на Д витамин во организмот, што генерално не прави посклони кон инфекции.