Кога Гугл ќе удри на недвижности

Гугл плати 1 милијарда долари само за земјиштето во центарот на Лондон на кое треба да се гради британското седиште на компанијата. Не, не го купи пола Лондон.

Површината плацот е нешто повеќе од 9,700 метри квадратни (нешто помалку од градски плоштад), а не него ќе се изгради зграда со вкупна површина за канцеларии од речиси 93.000 метри квадратни. Кога ќе биде готова заградата (некаде околу 2016.) нејзината вредност се очекува да биде нешто повеќе од 1,6 милијарди долари.

Изградбата на новиот објект почнува кон крајот на 2013-та, а планот за зградата е таа да биде висока меѓу 7 и 11 спрата. Компанијата очекува да се всели во новите канцеларии во 2016-та.

Новата зграда ќе биде сместена на Кингс Крос.

18 јануари 2013 - 16:22