Заради снегот на една од главните улици во градот имаше колона од 13 километри, а брзината на возење низ целиот град беше меѓу 10 и 25 км/ч.
На страна Москва, и остатокот од земјата е прилично заглавен во снег. Градот Норилск е затрупан со 3 метра снег, во републиката Алтаи 12 населби со околу 1.300 луѓе се изолирани од остатокот од светот, додека голем број аеродроми во земјата не функционираат.
Ова е најстудената зима во Русија, од 1938-ма. Во декември стотици луѓе беа евакуирани од Сибир откако температурите паднаа под -50 степени Целзиусови. До сега речиси 200 луѓе починаа од студ во земјата.