Аарон беше дел од групата која помогна да се вадат информации од "PACER," џиновскиот систем кој ги содржи сите судски пресуди и рочишта во САД. Иако информациите оригинално било планирано да бидат бесплатни, сопствениците на системот почнале да го наплаќаат, заради што тој решава да го пробие системот. По ова беше започната истрага против Аарон, но откако беше заклучено дека тој е во право, истрагата е прекината.
Меѓу другите "подвизи", Аарон е и еден од основачите на Реддит, моментално една од најголемите интернет заедници. Тој си заминува од Реддит кога Конде Наст ја купуваат компанијата, но и понатаму останува активен дел од заедницата.
Она што претходеше на самоубиството на Аарон, беше судскиот спор заради хакирање на библиотеката на Универзитетот МИТ.
Аарон цел свој живот верува и се бори за слобода на информацијата. Неговиот став е дека на луѓето треба да им се дозволи да прочитаат што е можно повеќе работи. Тој верува дека работата на научниците на колеџите треба да биде достапна до сите. Со оваа инспирација тој оди на МИТ, каде пристапува JSTOR, виртуелна библиотека на науката, од каде се обидува да ги собере сите можни информации и научни дела. Проблемот е што иако Аарон смеел да го направи тоа, тој немал дозвола да го направи тоа.
Да го замислиме JSTOR како библиотека. Во библиотека можеш да изнајмиш колку сакаш книги. Меѓутоа Аарон сакал да ги изнајми СИТЕ можни книги и да се осигури дека секој човек на светот можел да пристапи до нив исто како и тој што можел. Заради ова, Ааарон е обвинет за недозволено даунлодирање на 4 милиони академски журнали од JSTOR, кој сакал да ги направи бесплатно достапни за сите.
Според обвинението Шварц скришно закачува лаптоп во мрежата на МИТ, што му дозволило "рапидно симнување на огромен број на трудови од JSTOR." По ова JSTOR му простува на Аарон, малку подоцна истото го прави и МИТ. Меѓутоа Јавното обвинителство на САД по основа на неколку прекршени закони покренува обвинение против Аарон.
Целата работа е премногу страшна за него, тој нема многу пари а ако заглави колку што тоа го бараше обвинението тој ќе изгуби се што има и долго време ќе заврши во затвор. Сето ова сериозно го преплашува Аарон, посебно затоа што тој веќе некое време е депресивен.
Во петокот Аарон се самоубива со бесење. Некои веруваат дека тоа е заради тоа што тој е преплашен од Обвинителството и повеќе не може да се справи со случајот. Други веруваат дека тој бил толку депресивен што сакал да умре. Најголемиот дел сметаат дека целата работа е комбинација од двете.