Зграден кариес

И облакодерите имаат свој рок на таење. А нивното класично уривање е многукратно зезнато, особено во густо изградени средини. Јапонците најдобро го знаат овој проблем бидејќи имаат 797 згради повисоки од 100 метри. А кога Јапонецот има проблем, тој го решава.

Генијалниот систем за деконструкција на огромни небодери се вика Taisei Ecological Reproduction System, или скратено Tecorep. Се работи за автоматизирана конструкција која се монтира на врвот на зградата и им овозможува на работниците во затворена средина да ја демонтираат. Ја намалува бучавата за 17 децибели а правот за дури 90 проценти.

Во тајм лапс клипот ќе видите како оваа направија полека "ја гризе" зградата озгора надолу.

17 јануари 2013 - 17:23