Како да сместиш 8 соби во 39 метри квадратни

Затоа што просторот потребен за комотно живеење во Њујорк чини повеќе пари отколку што има кој било реален човек, некои луѓе најдоа начин како да сместат цел стан во една гарсоњера.

Целиот стан е на шини, па така она што навечер е спална, преку ден се претвора во канцеларија а на пладне станува дневна.

Освен шините, вториот дел од тајната се плакарите кои се полни со столици и маси на собирање. Единствени фиксни делови од станот се тоалетот и кујната.

18 јануари 2013 - 15:14