Монти Пајтон и Светата распродажба

Џон Клиз се стави на "тотална распродажба," откако дојде ред да го отплаќа долгот за третиот развод кој го чини 12,5 милиони фунти.

Откако Клиз превзема сериозни мерки за собирање пари, како стенд-ап турнејата "Alimony Tour," сега започна и на ситно со продавање на предмети од неговите филмови, како шлемот што го носеше во Монти Пајтон и Светиот Грал, кој е понуден за 999 долари.

Меѓу предметите се и седум фотографии од најразличните филмови и серии во кои настапувал Клиз. Целата продажба се врши преку сајтот на Original Memorabilia Company, а меѓу понудените предмети е и неговото Бентли од 1987-ма.

Тој се сложи и да оди на ручек со тој што ќе го купи Бентлито.

Џон Клиз со најновата сопруга

Клиз во 2008-ма се разведе од неговата сопруга, а лани се ожени со четвртата жена, 31 година помладата Џенифер Вејд.

За да подмири дел од трошоците за третиот развод, тој мораше да ја продаде својата куќа во Калифорнија од 6 милиони фунти. Клиз од САД се пресели во Монако, за да избегне плаќање на високи даноци за неговиот развод.

21 јануари 2013 - 11:52