
Научниците од Универзитетот во Бристол, анализирале податоци на 6.495 жени и заклучиле дека околу 2% од испитаничките имале посебен ген кој е поврзан со тотално немање на телесна смрдеа. Луѓето едноставно не мирисале.
Кај некои жени преовладувал "AA" алелот од генот ABCC11, кој е поврзан со не произведувањето на пот, а со тоа и немањето смрдеа. Сепак кај мнозинството преовладувал "Г" алелот од овој ген кој ни ја дава телесната миризба. Дел од истражувањето покажало и етничка поврзаност на миризбата, па така кај жителите од источна Азија позастапена била "AA" верзијата, додека кај Европејците и Африканците било поверојатно постоењето на "Г" алелот.
Друга работа што открива истражувањето е дека 5% од жените кои го имале "Г" алелот не користеле дезодоранси, додека од другата група 22% правилно заклучиле дека нема потреба да користат дезодоранс.
Сепак ова значи дека 78% од тие што не можат да се засмрдат користат дезодоранси без да има каква било потреба за тоа.
"Веруваме дека овие луѓе едноставно ги следат општествено-културолошките норми. Ова е спротивно на ситуацијата во северо-источна Азија, каде најголемиот дел од луѓето немаат потреба од користење на дезодоранс и не го ни користат," објаснува првиот човек на истражувањето и професор по молекуларна и генетска епидемиологија, Иан Деј.