Индексот на погрешна маса

Индексот на телесна тежина (БМИ) сега има и математичка основа по која не го бидува, според која високите луѓе цело ова време погрешно биле прогласувани за дебели.

Математичарот Ник Трефетен од Оксфорд пресметал дека равенката по која се добива БМИ-то, високите погрешно ги прави дека се дебели, додека ниските треба да имаат во предвид дека се подебели отколку што мислат.

До сега равенката за БМИ беше: тежина поделена со висина (во метри) на квадрат. Што значи за маж од 103 кг. висок 1 метар и 87 сантиметри, БМИ-то е 29,5.

Равенката е: 103 / (1,87^2) = 29,454.

По равенката на професорот од Оксфорд, прво тежината треба да се помножи со 1,3, а потоа резултатот да се подели со висината (во метри) на степен од 2,5. По оваа математика истиот човек би имал БМИ од 28.

Равенката е: (103 x 1,3) / (1,87 ^ 2,5) = 28

Според оваа формула секој човек над 182 сантиметри би изгубил по еден поен од БМИ, додека сите што се околу 150 сантиметри ќе добијат еден поен плус.

Иако масовно се користи од докторите, БМИ е оспоруван по неколку основи. Прво затоа што тој се базира на нутриционистички потреби од 19-от век, и второ, затоа што не прави разлика дали вишокот на БМИ доаѓа од масти или од мускул (по оваа равенка и Мајкл Џордан беше дебел).

21 јануари 2013 - 10:52