Биле потребни само 18 часа и 1 милион лајкови за на Норвежанецот Питер Кверненг конечно да му се посреќи со 19-годишната Кетрин Јохансен.
Двајцата се другари и се знаат уште од средно, кога биле дел од големо друштво. Цело ова време биле само другари, ништо повеќе. Сè така до минатиот четврток кога седејќи во друштво почнале да разговараат за сторијата околу девојчето кое собрало еден милион лајкови за да го присили татко си да ѝ купи куче.
Неколку идеи подоцна и паднала кладбата. Двајцата го испишале условот и се фотографирале.
Медиумите ги интервјуирале двајцата уште во времето кога предлогот имал нешто повеќе од 500.000 лајкови. Тогаш Питер изјавил: "Сè почна како шега, ама сега мора да го сфатиме сериозно. Мора да го одржиме ветувањето што сме го дале."
Коментарот на Кетрин бил малку порезервиран: "Треба да видиме дали ќе стигне до 1 милион."