Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Кинезите на гурбет во Африка

Наместо од внатрешноста на Кина да одат во Пекинг или во некој друг индустриски центар во земјата, сиромашните Кинези се повеќе се решаваат да одат на печалба во Африка.

Историјата на Фејсбук низ полињата на профилот

Со секој нов редзијан, промена на приватноста или на правилата за користење, Фејсбук менува по нешто и во профилот и начинот на кој го менаџирате. Ова најдобро се познава по бројот на полиња што денес ги има ФБ.

10 причини зошто е за никаде да си богат

Навистина е тешко. Срамот, дискриминацијата, стресот од тоа да мораш да ја отпуштиш чистачката за девојка ти да биде среќна. 10 причини зошто богатите се души напатени. За разлика од нас.

Поглед за 18 милиони долари

Продолжувајќи со праксата на корисни потрошувачки информации за нашите читатели, објавуваме дека во Бруклин се продава апартман од 18 милиони долари. Корисната информација е дека сега е на попуст од оригиналните 25 милиони долари.

Also sprach Hugo

Можеби некогаш имало живот и цивилизација и на Марс, ама дошол капитализмот и империјализмот и ги уништиле. (+ фото)

Човек на човека му е етикета

Хомосексуалците некогаш беа етикетирани како ментално пореметени. Денес на ист начин се третирани оние кои не можат да ги поднесат.

Непристојна понуда

Каква е таа желба за изборна победа која може толку да ти го помати паметот па да побараш од жена ти да ти помогне околу кампањата? А патем да заборавиш дека ти e бивша жена и дека јавно си ја оставил за друга.

Фудбалот им го "корне" срцето на навивачите

Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.

Претседател со инстант товар

Рамзан Кадиров е човек со многу гајлиња. Ја води сиромашната Чеченија која тешко се опоравува од беспоштедната војна. Постојано е на тапет заради кршење на човековите права и корупција. А од неодамна, овој живописен лик има уште еден товар на плеќи - Инстаграм.

Кинеското големо празно

Откако Кинезите ги направија градовите во кои не стапна жива душа (а требаше милиони да ги има) сега дебатата е дали "ја утнавме работата" или "само време треба." Во меѓувреме целиот проблем стана трилема откако во равенката влезе и можноста за крах на пазарот на недвижности.

Како Епл би можел да потроши 138 милијарди долари

Минатата недела Епл имаше сериозен судир со своите акционери на тема - резервата од 138 милијарди долари во кеш што компанијата ја поседува. Акционерите / инвеститори, сакаа парите да почнат да се трошат, на Епл не му се даваат.

Северна Кореја и кошовите од 8 поени

Родман во Северна Кореа е приказна сама по себе, сепак најспектакуларно што излезе од целата работа е откритието дека Северна Кореја има сопствени правила за кошарка, какви што не постојат никаде во светот.

Прво лустрација па после Папа

Светата столица соопшти дека конечниот извештај за тајните документи поврзани со скандали во Ватикан ќе му биде презентиран само на новиот поглавар. Но, некои кардинали бараат да знаат за што се работи пред да изберат нов Папа.

Референдум за богати, паста за заби

Швајцарците на референдум конечно им го скратија апетитот на дебело платените корпорациски менаџери. А иницијативата започна како одмазда за една пропадната паста за заби.

Историска величина во куќен притвор

На човекот кој го обликуваше текот на историјата во 20-от век, денес денот му зависи од жената. Човекот кој водејќи ја Германија кон обединување стана татко на нацијата, денес не може да биде татко на своите деца.

Иде Дунав, англиска верзија

Бугарите и Романците се најчестото страшило со кое Британците се плашат за нивните работни места. "Апокалиптичниот" бугарско- романски имигрантски дожд е планиран за следната година.

Зошто Бафет купи 28 весници

Откако во изминатите 15 месеци потроши 344 милиони долари за да стане сопственик на 28 локални весници од САД, Ворен Бафет реши да ја објасни својата одлука. На кратко - има пари во тоа.

Банкомати што даваат бесплатен кеш

Сред третата година во рецесија, на неколку локации во Шпанија се појавија банкомати кои на минувачите им делат по 100 евра, без да треба да дадат картичка или да покажат каква било легитимација.

Мобилниот, душман за кривини во лево

Додека возите и зборите на мобилен вртењето во лево е една од најкомпликуваните работи за човековиот мозок, и ова не се менува ако мобилниот го замените со хендсфри.

City (Council) That Never Sleeps

Градскиот совет на Вотерфронт, Њујорк, забрани луѓе кои не се познаваат да делат стан. Да, зборувајте ни за фашизам.

Зошто сè изгледа исто

Причината зошто Бургер Кинг и Мекдоналдс нудат мени преполно со сличности, зошто Кока кола и Пепси се слични, зошто Самсунг изгледа како да крадел од Епл.

Која е поентата на глупите анкети

Единствената агенција за спроведување анкети која во 2008-ма генијално ја погоди разликата со која Обама ќе победи на изборот за демократски кандидат за претседател на САД, во меѓувреме постојано прави анкети на теми како дали републиканците повеќе сакаат палачинки или вафли. И како што објаснуваат ова го прават затоа што е сериозно важно.

Што се случува во вашиот мозок кога ќе видите некој што е секси

Истиот дел од мозокот што прави да се затрескате на прв поглед, е одговорен и за тоа да не можете да тргнете очи од некого. Потоа почнуваат чудата.

Параметри за Понтиф Икс

Кардиналите кои треба да го бираат следниот Папа ги искажаа критериумите кои треба да ги исполни совршениот кандидат. Во основа, да не биде ништо како Бенедикт 16.