Како Епл би можел да потроши 138 милијарди долари

Минатата недела Епл имаше сериозен судир со своите акционери на тема - резервата од 138 милијарди долари во кеш што компанијата ја поседува. Акционерите / инвеститори, сакаа парите да почнат да се трошат, на Епл не му се даваат.

Додека Тим Кук ја реши крајната судбина на парите, дел од американските новинари решија да му помогнат на човекот и да му направат листа, што би можел да купи со резервата:

- Епл би можел да купи 1.567.506 Тесла Модел С Перформанс автомобили со спојлер од карбон фајбер, по цена од 87.400 долари од автомобил. Потоа, сопственикот на Тесла Моторс, Елон Маск, со парите ќе може да го купи Њујорк Тајмс (по цена од 1,42 милијарди долари) и да го користи за личен блог.

- Епл би можел да купи огромен дел од интернетот, во кој би биле вклучени: Групон (3,36 милијарди), Јаху (25,95 милијарди), Фејсбук (61,7 милијарди), Твитер (10 милијарди) ЛинкдИн (18,32 милијарди), Јелп (1,47 милијарди), АОЛ (2,81 милијарда), Пандора (2,09 милијарди), Зинга (2,69 милијарди), ОпенТејбл (1,32 милијади) и Пинтерест (2,5 милијарди).

- Би можел да ја плати сметката за буџетските кратења во САД годинава од 85 милијарди долари, за Американците да престанат да зборуваат за владиното штедење.

- Би можел да купи по еден мини Ајпад од 16 гига со ВиФи, за 416.413.374 (сите) жители на САД, плус 315.429.318 примероци за Франција и Шпанија.

- Би можел на сите 7.069.909.686 луѓе на планетава да им даде по 19,38 долари и да заврши работа.

- Доколку ги претвори сите пари во новчаници од еден долар, со нив би можел да покрие област од 1.450 километри квадратни (145 илјади хектари).

4 март 2013 - 17:11