И покрај сериозните проблеми што ги има оваа индустрија без разлика во кој дел од светот се наоѓа, Бафет верува дека весниците и понатаму се ценети, вредат и си ја вршат својата работа.
Во годишното писмо до акционерите, тој во поголем обемно објаснува зошто се одлучил на овие инвестиции. Клучниот дел е:
"Весниците продолжуваат со својата доминација во однос на испораката на локални вести. Ако сакаш да знаеш што се случува во твојот град - без разлика дали е за градоначалникот, даноците или средношколскиот фудбалски клуб - нема замена за локален весник кој добро си ја врши работата. Читателот може само ќе мине со очите преку вест за даноци во Канада или политички случувања во Пакистан; меѓутоа веста која се однесува на самиот читател или на неговиот сосед, тој ќе ја прочита до крај. Секогаш кога има силно чувство на заедница, весникот кој им служи на специјалните информативни потреби на таа заедница ќе остане незаменлив за значителен дел од нејзините жители.
... веруваме дека весници кои даваат темелни и веродостојни информации за заедниците, и кои имаат паметна интернет стратегија, долг период ќе бидат исплатливи."
Сепак тој во своето писмо е нескриено прагматичен и објаснува дека "нема да го продолжи функционирањето на кој било бизнис што пропаѓа или што не може да си ги покрие загубите."
Целото писмо до акционерите