Во јануари Public Policy Polling објави анкета според која американскиот Конгрес помалку популарен отколку сообраќајниот метеж, Франција и препродавачи на автомобили.
Неделава пак објавија дека Американците повеќе би го сакале Роналд МекДоналд отколку Бургер Кинг за претседател на САД, дека Демократите е поверојатно да купат пилешко од КФЦ и дека Републиканците е поверојатно да купат палачинки отколку вафли.
Како што објаснуваат од агенцијата, ваквите анкети сепак обезбедуваат важи информации. На пример, една претходна нивна анкета во врска со храна, покажала дека само 20% од Американците се сметаат себе си за дебели, што е далеку под реалноста од 35,7%. "Вакви информации можат да им дадат насоки на докторите за креирање на јавни правила или соопштенија."
Тие објаснуваат дека не можеш цело време да работиш само сериозни предвидувања. На забелешките дека ваквите анкети им ги бркаат сериозните клиенти, од PPP објаснуваат прецизното спроведување на политичките анкети е она што им дава кредибилитет за понекогаш да се опуштат со темите.