Кинеското големо празно

Откако Кинезите ги направија градовите во кои не стапна жива душа (а требаше милиони да ги има) сега дебатата е дали "ја утнавме работата" или "само време треба." Во меѓувреме целиот проблем стана трилема откако во равенката влезе и можноста за крах на пазарот на недвижности.

Дел од економистите како Стивен Роуч од Универзитетот Јејл, сметаат дека модернизацијата на Кина е "најголемата приказна за урбанизирање што светот некогаш ја видел," и дека градовите духови наскоро ќе се претворат во "напредни метрополи".

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека Кинезите едноставно не можат да си дозволат да живеат во станови како што се градат во градовите духови.

Емисијата "60 минути" на СиБиЕс направи репортажа во Кина од градовите духови. Целата работа е многу поморничава отколку што изгледа на слики.

4 март 2013 - 19:39