Најголем дел од промените во правилата за кошарка се однесуваат на системот на броење на кошевите. Па така:
- за забивање добиваш 3 поени
- ако дадеш тројка "без коски" добиваш 4 поени
- ако дадеш кош во последните 3 секунди од натпреварот тој ти се брои 8 поени.
- доколку утнеш слободно фрлање, ти се одзема еден поен.
Одговорен за промените во кошарката, ама и за промовирањето на спортот во земјата е Ким Јонг Ил. Тој во сите свои палати има кошаркарски игралишта според прописи, како и библиотека од речиси сите натпревари што Мајкл Џордан ги има изиграно за Булси.
Не е познато по кои правила бил изигран натпреварот меѓу репрезентацијата на Северна Кореја и Глобтротерси.