Во најголем дел Кинезите во Африка работат како градежници и тоа најчесто на проекти кои ги имаат земено кинески компании.
Годишната плата што ја земаат таму изнесува околу 15.000 долари, што е околу 5.000 долари повеќе отколку што тие годишно би заработиле како фармери во своите родни села.
Иако во првите години работниците биле прилично несигурни околу целата авантура во која влегуваат, работите почнале да се стандардизираат со секоја следна генерација на печалбари кои се враќаат од Африка.