Советот на градчето од 30-тина илјади луѓе донесе ваква забрана откако една жителка се пожалила дека нејзините комшии имаат луѓе кои не се поврзани со нив.
А се работи за дечко и нејзината вереничка кои во станот имале уште двајца луѓе.
Џабе што момчево рекло дека кираџии му требаат за да може да ја плати месечната рата за станот.
Џабе што кодошов признала дека комшиите на кои се жали се добри комшии со кои никогаш немала проблеми.
Џабе што една поранешна комшика изјвила дека и жената што сега се жали, своевремено била во слична ситуација, бидејќи комшиите сметале дека таа не е доволно богата за да живее во нивна близина.
Гласањето минало 3:2 во корист на забраната.
И отсега таму се знае кого смееш да имаш во она место кое некогаш по навика го викаш дом.