Зошто сè изгледа исто

Причината зошто Бургер Кинг и Мекдоналдс нудат мени преполно со сличности, зошто Кока кола и Пепси се слични, зошто Самсунг изгледа како да крадел од Епл.

Ривалите имаа тенденција да гравитираат еден кон друг - во однос на цена, локација и производ - бидејќи во спротивно тие ризикуваат да ги изгубат меинстрим муштериите, објаснува Законот на Хотелинг од 1929-та, именуван по економистот од Универзитетот Стандфорд, Харолд Хотелинг.

Во превод, ако твојот конкурент нашол нешто што се продава или начин на кој да го продаде, најлесен начин да зграбиш дел од пазарот е да ја направиш потполно истата работа на ист начин.

Неговото тврдење, познато како "принцип на минимум разликување" се уште на големо се употребува од економистите, а се аплицира и во политиката: Кандидатите кои одат премногу лево или премногу десно, ризикуваат да го изгубат гласот на умерените.

Самиот Хотелинг признава дека иако ова може помага во одржување на темпото со конкуренцијата, тоа не е секогаш добро за јавноста. Овој закон исто така значи дека и производите почнуваат да личат еден на друг.

"Нашите градови стануваат неекономично големи а бизнис областите во нив се премногу концентрирани. Методистичките и Презвитеријанските цркви премногу се наликуваат," се жали на времето Хотелинг.

1 март 2013 - 22:57