36 годишниот Кадиров стана неочекувана интернет ѕвезда откако неодамна го откри популарниот сервис за споделување фотографии. Уште кога откри дека може да закачува и повеќе слики на ден - на радоста ѝ нема крај .
Инстаграм сметката на Кадиров е една супер живописна и будалеста збирштина фотографии на кои контроверзниот чеченски лидер се ракува со тигар, вечера неколкупати на ден со своите бројни жени и идентично облечените деца, отвора уста на забар, пружа раце накај кокошка со текст под фотката: "Само што нахранив кокошка" а обожава и да се слика со раширени раце како Харис Џиновиќ на сцена.
Признал дека Инстаграм може да биде корисна алатка бидејќи со него има шанси "во живо да го мониторира народното расположение", но и се пожалил дека "за другите ова е само забава ама мене ми е товар".
Особено му тргна за време на неодамнешната посета на новопечениот руски државјанин Жерар Депардје на Грозни, при што испука серија фотки со актерот давајќи описи од типот "Депардје гледа во модел од авион", "Депардје гледа во маса со храна" и слични перцепциски креации.
Рамзан Кадиров е човек со неприкосновена моќ во Чеченија чиј лик краси многу патишта и згради во земјата. А тие обично го носат името на неговиот претходник и татко, Ахмад Кадиров кој беше убиен за време на една парада во 2004-та година.
Претседателот на Инстаграм: