Таг: Рамзан Кадиров

Чеченски одреди на смртта хараат низ Европа

Зелимхан Кангошвили е Чечен кој пред 20 години ја преживува војната (на страната против Русите), преживува бараж од куршуми во Тбилиси во 2015, бега на уште еден атентат во Украина, и на крај завршува во Берлин каде живее од 2016 до пред некоја недела кога тргнува во џамија и по пат завршува мртов со два куршуми во глава.

Кадиров одбра реално

Рамзан Кадиров е човек кој ветува и остварува, без разлика колку е лудо тоа што го ветил. Пред некое време најави ќе одбере топ помошник преку реално шоу и го избрал. Ене го победникот, се спрема да биде шеф на државната агенција за стратешки развој.

Рамзан Кадиров, реален претседател

Чеченскиот претседател најави дека ќе избере помошник преку телевизиско реално шоу. Ќе имало свадба, 24 часовни задачи, ќе се снима по планини, само за да се одбере "најдобриот помошник за најдобриот претседател". 

Чеченскиот фудбал и микрофонот на Кадиров

Доколку гледате домашна средба на Терек Грозни во руското првенство, веројатно ќе го намалите тонот на телевизорот затоа што претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров непрестано урла во микрофонот од ложата на стадионот.

Судијата е купен!

Контроверзниот претседател на Чеченија, Рамзан Кадиров кој воедно е и прв човек на Фудбалскиот клуб Терек Грозни, незадоволен од исклучувањето на еден од домашните фудбалери на натпреварот против Рубин, му го зема микрофонот на официјалниот спикер и на му се обрати на судијата.

Претседател со инстант товар

Рамзан Кадиров е човек со многу гајлиња. Ја води сиромашната Чеченија која тешко се опоравува од беспоштедната војна. Постојано е на тапет заради кршење на човековите права и корупција. А од неодамна, овој живописен лик има уште еден товар на плеќи - Инстаграм.