Мобилниот, душман за кривини во лево

Додека возите и зборите на мобилен вртењето во лево е една од најкомпликуваните работи за човековиот мозок, и ова не се менува ако мобилниот го замените со хендсфри.

Причината за ова е што вртењето во лево е многу покомпликувана задача за мозокот отколку вртењето во десно или возењето право. При ова, правењето муабет само дополнително ја смалува способноста на мозокот да се фокусира на возењето.

"Без раце не значи и без мозок," објаснуваат канадските научници кои го спроведоа истражувањето.

Испитаниците, кои возеле на симулатор, потоа требало да одговорат на телефонски повик пристикајќи копчиња, исто како што би направиле и со хендсфри. Резултатите од магнетната резонанса покажале дека мозокот активирал најголем број од своите системи кога требало да се врти во лево, а неговата активност се зголемила кога требало да одговорат да притиснат некое од дополнителните копчиња.

Во истражувањето не е испитано како реагираат луѓето во земји каде што се возат автомобили со воланот на десна страна.

2 март 2013 - 17:01