Што се случува во вашиот мозок кога ќе видите некој што е секси

Истиот дел од мозокот што прави да се затрескате на прв поглед, е одговорен и за тоа да не можете да тргнете очи од некого. Потоа почнуваат чудата.

Во моментот кога ќе здогледате некој/а што ви е секси веднаш се зголемува активноста во префронталниот кортекс.

Во првите фази од ова се активираат вашите системи за одговор на стрес, кои го зголемуваат нивото на адреналин и кортизол во крвта. Ова е причината зошто кога ненадејно ќе налетате на вашата нова љубов, почнувате да се потите, срцето побрзо ви работи а устата ви се суши.

Освен ова, вашиот мозокот почнува да лачи зголемени количества на допамин, хормонот кој го стимулира целиот систем за желба и награда.

На крај на ред доаѓа серотонин, една од најважните хемикалии во целиот процес кој е одговорен за чувството на задоволство.

1 март 2013 - 19:13