Референдум за богати, паста за заби

Швајцарците на референдум конечно им го скратија апетитот на дебело платените корпорациски менаџери. А иницијативата започна како одмазда за една пропадната паста за заби.

Со 68 процентно мнозинство, Швајцарците референдумски ја поддржаа иницијативата за намалување на привилегиите на компаниските менаџери чии плати и бонуси отсега поблиску ќе бидат контролирани од акционерите. Со новите законски мерки се забранува менаџер да добие бонус само затоа што доаѓа или ја напушта компанијата а прекршувањето на правилото повлекува затвор до 6 години.

Иницијативата може д се гледа како успех на една лична десетгодишна одмазда на Томас Миндер, член на парламентот и некогашен крал на забните пасти.

Повеќедеценискиот семеен бизнис на Миндер пропаднал откако неговата фирма го губи договорот со авиокомпанијата Свис- ер за снабдување на летовите со паста за заби и друг прибор за хигиена.

Иако раскинот на таквиот договор бил правдан со општиот финансиски колапс на авиопревозникот, тоа не му пречеше на Свис-ер да му плукне 10 милиони долари бонус на главниот менаџер Марио Корти, и тоа непосредно пред Свис-ер комплетно да пропадне.

По ова, Миндер реши да ја истера работата до крај и сега тој и неговите сојузници се бескрајно среќни што ја гледаат швајцарската бизнис елита во паника од референдумскиот исход

4 март 2013 - 10:29