Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Зошто ние не сме РТС

"Да знаеше претседателот на Франција за нападот на редакцијата на Шарли Ебдо, би ја дигнал цела земја на нозе, би наредил итна евакуација на загрозените и блокада на целиот реон. Овде беше поинаку. Овде молеа бога да има што повеќе жртви за светот да добие слика за Србија како мачена земја во која се убиваат дури и телевизиски работници".

Пленот од ловење корупција во Кина

Актуелниот претседател на Кина како ретко кој свои претходник е решен да се справи со корупцијата во земјата, и притоа има пристап - кого удрам не жалам. Ова се некои од функционерите кои тој ги прежали.

Големата победа на Германецот

Мажите имаат право да уринираат стоечки и никој не може да им го забрани тоа, одлучи германскиот суд во една тужба по оваа основа.

Пиењето или работата, кој прв почна

Заклучокот на студијата е дека луѓето кои работат над 48 часа неделно, е 11% поверојатно да пијат ризични нивоа на алкохол отколку оние со стандардна работна недела. Ризично е 21 пијачка за мажи и 14 за жени, во рок до 7 дена.

Кој е новиот крал на Саудиска Арабија

Се вика Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, полубрат е на починатиот крал Абдула и до вчера Министер за одбрана на Саудиска Арабија. Инаку речиси 50 години мина како гувернер на Ријад, а неслужбено е главниот медијатор на споровите во рамките на кралското семејство.

Има претерано многу телевизија

Во 2014-та на американските телевизии се емитувале 1.715 серии (не епизоди, туку серијали) од кои 352 биле по сценарио. Овие бројки се само за терминот од 20 до 23 часот.

Да бегаме од овде!

За сериозна филмска анализа, задолжително прочитајте го Таиби во Ролинг Стоун. Овојпат за лежерна и малку позната тривија околу некои популарни филмови. 

Ефектот на Џон Оливер

Стујарт и Колбер го дефинираат жанрот на сатирични вести и генерално се посветени на анализирање и исмејување на актуелните настани. Оливер тргнува од нивната работа и се надградува со воведување на истражувачко новинарство на теми од нет неутралност, до милитаризација на полицијата и долгот на Аргентина.

Шведска ќе ги спасува џихадистите од џихад

Секој шведски државјанин на привремена работа во ИСИС, ќе добие помош од психолог и државно вработување ако го остави оружјето и се врати во земјата. Понудата е од шведскиот град Еребру.

Не љубовта, уверувањата се слепи

Зошто слепо се држиме до нашите верувања и каква е врската помеѓу еден мултимилионер и еден исламски терорист? Одговорот може да ви падне на памет ако го гледате документарецот на Жак Перети, „Супербогатите и ние".

Планетава нè бара, пали авионот

Не дека мислиме оти требало во Давос да стигнат на магариња ама некогаш фрапантeн е расчекорот меѓу благородноста на каузите и реалниот импакт на борците. За прописно да ја оплакаат климатската судбина на планетата, во Давос ќе стигнат аџии со 1.700 приватни авиони.

Париз, Фокс њуз и правото да се навредува

Во известувањето околу Шарли ебдо, Фокс њуз има неколку сегменти во кои зборува дека цели населби во Париз се под шеријат и се забранети за пристап за не-муслимани. Фокс подоцна 5 пати се извинија за ова. Без разлика, Французите се најдоа доволно навредени за да најават дека ќе го тужат Фокс.

Злосторство и фактура

5-годишно дете потврдува дека ќе оди на роденден кај едно другарче. Истото 5-годишно дете не се појавува на роденденот. Следниот ден од родителите на славеникот добива фактура од 25 долари за тоа што не се појавил.

Најлудиот руски филм на сите времиња

Заедничко во филмовите како што се Апокалипса денес, Портите од рајот и Клеопатра се бескрајните снимања и огромните буџети кои ги проголта ексцентричната продуција. Сите тие заедно не можат да му носат вода на еден руски филм.

Канадски социјални проблеми

Тој се вика Ерик, таа Лиса. Тој има 41 година, таа 39 години, и двајцата живеат во Ванкувер и не можат да заработат доволно за да спојат од први до први. Разликата меѓу тебе и нив е што тој заработува 300.000 долари годишно, таа 150.000 долари годишно (пред даноци).

Мал чекор за Фејсбук, голем чекор за Фејсбук човештвото

Затоа што во њузфид нема да престане да ти се појавуваат статии од другар ти од типот Дедо Мраз постои и Шарли ебдо е заговор, Фејсбук реши да воведе копче за решавање на проблемот – пријави лажна вест.

Жени повеќе од паметни

Клучно за да составиш успешна "паметна група" за која било задача, не е да имаш најмногу паметни луѓе, туку како знаеш во неа да имаш жени, се заклучува во повеќе студии на МИТ.

Ќарот од Фејсбук

Во некаков отчет пред светот Фејсбук објави дека ќарот од неговото постоење во економска смисла се 227 милијарди долари и 4,5 милиони работни места во глобалната економија.

Грмушката се враќа

Од страна гледано, кога жените ќе решат да ја сменат интимната фризура тоа го прават така брзо и масовно, како сите истовремено да добиваат таен меморандум за тоа. Најновата мода се вика "полна бразилска грмушка". Звучи оксиморонски ама делува.

Мисли локално, делувај уште полокално

Луѓето од едно мало данско место се согласиле дека најголем проблем им е што не се раѓаат деца. Притоа дошле до заклучок дека најдобар начин да го решат овој проблем е да прават деца. 

Затворена кокошка пасиште сонува

За оние што бараат влакно во јајцето веројатно не е неважно дали јајцето е органско или фри-рејнџ.

Срамот на Франција: нашите синови ги убија нашите браќа

По нападите на Шарли ебдо, Ле Монд објави писмо од "четворица средношколски професори од едно француско соседство не поразлично од она во кое израснаа убијците."

Наградите што порно значат

XBIZ е нешто како неофицијалниот службен весник на секс и порно индустријата во САД. Вчера го поделија годишните порно награди. Годинава имаше вкупно 160 категории.

Коцкарски предвидувања за Оскарите

Еден ден по објавувањето на номинациите, Вин касиното од Лас Вегас ги објави своите коефициенти за победници. По нив, без гледање, победник на Оскарите е филмот Момчештво.