Жени повеќе од паметни

Клучно за да составиш успешна "паметна група" за која било задача, не е да имаш најмногу паметни луѓе, туку како знаеш во неа да имаш жени, се заклучува во повеќе студии на МИТ.

Во студиите се заклучува дека како што некои луѓе се попаметни од други, така и некои групи се попаметни од други заради нешто што се нарекува "Ц фактор" за колективна интелигенција.

"Овој Ц фактор не е строго поврзан со просекот или максимумот на индивидуалната интелигенција на членовите на групата, туку има взаемна врска со просечната социјална сензитивност на групата, и еднаквоста во дистрибуцијата на разговорот во нејзините рамки и пропорцијата на жени во групата," се заклучува во студијата.

Објаснувањето е дека исто како што одлични музичари не мора да значи дека ако се спојат ќе го направат најдобриот бенд на сите времиња, така и паметните луѓе автоматски не ја создаваат најпаметната група. На успешноста на групата влијание немале ниту редовно проповеданите фактори како: кохезија, мотивација и сатисфакција. Најважен елемент кај групите била "просечната социјална сензитивност," односно најдобри групи биле оние кои биле најдобри во читање на невербалните знаци на останатите членови на тимот.

"Што е тоа просечна социјална сензитивност? Во основа ова е читање на мисли. Кога член на твојот тим (да речеме Мишел) ќе рече 'Претпоставувам Дени стварно ги знае сите одговори,' и ти почувствуваш знаци на иронија и гнев во нејзиниот глас и си помислиш дека Мишел всушност сака да каже дека Дени е препотентен морон, тогаш ти го детектираш она што научниците го нарекуваат 'невербални знаци.' Односно, читаш меѓу редови. Исто како и читањето, социјалната сензитивност е еден вид на писменост, и се покажа дека жените природно многу полесно го дешифрираат јазикот на тоновите и лицата, отколку другата половина," објаснува Дерек Томсон во Атлантик.

Томсон не е на чисто околу тоа дека паметните членови не се клучни за формирање паметна група. Објаснувањето на научниците е дека станува збор за комплицирана врска и дека во основа, генијалците ви вршат работа само во ситуација кога проблемот пред групата може да биде решен само од еден човек, меѓутоа кога се работи за тимски труд, емотивната интелигенција е поважна од регуларната интелигенција.

20 јануари 2015 - 14:15