Ќарот од Фејсбук

Во некаков отчет пред светот Фејсбук објави дека ќарот од неговото постоење во економска смисла се 227 милијарди долари и 4,5 милиони работни места во глобалната економија.

Извештајот го изработуваат Делоит и Туш, а во него се влезени фирмите што работат на одржување Фејсбук страни, изработка на мобилни апликации и игри на Фејсбук "и целата економска активност што резултира од ова." Плус на ова се и парите што се прават од побарувачката за уреди и интернет наменети за поврзување на Фејсбук.

Идејата на извештајот е да се покаже дека компјутерскиот сектор не е дека само уништува и затвора работни места, туку дека и "офлајн" светот има корист од ова.

Во презентацијата на резултатите ЦОО-то на Фејсбук, Шерил Сандберг, објаснува дека "ова повеќе не е место на кое големите компании можат да ги создадат работите што му се потребни на светот."

Периодов, повеќе индустрии ги критикуваат интернет стартапите како Убер и ЕрБиЕнБи, дека наоѓаат начин да ја заобиколат регулативата и со тоа им се закануваат воспоставените бизниси (во случајов такси и хотели).

Инаку, со 1,35 милијарди корисници Фејсбук би била втората најбројна нација на светот.

20 јануари 2015 - 12:24