Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ги откажа трговските санкции за Русија

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Трамп блокира клучни американски санкции и царини поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат на сила согласно „Законот на Линдзи Греем“, усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот минатиот месец.
  • Мерките вклучуваат царини за увоз на руски стоки и казнени царини од 100% за земји што купуваат нафта и гас од Русија. 
  • Трамп истакна дека ги одложува санкциите „заради националниот интерес на САД“. Проценките се дека новите мерки дополнително ќе ги зголемат цените на горивата, токму пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
  • Во новата наредба се истакнува дека законот не се укинува целосно и дека санкциите ќе може да бидат воведени „кога Трамп или високи функционери ќе проценат дека се соодветни“.
  • Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции, ја нарече одлуката на Трамп „историски момент“, бидејќи законот ќе запрел секаква економска соработка меѓу Русија и САД.

 

 

извор

Почина убиецот од Краков

9 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Михал Оксињски, 24-годишниот Полјак осомничен за убиство на шест лица во Краков во саботата, денеска почина во болница по три неуспешни хируршки операции.
  • Пукајќи од возило во движење, Оксињски смртно застрела шест лица – четворица Полјаци, Британец и Австријка, и рани уште 15, вклучувајќи петмина странци. Беше ранет по бркотница и престрелка со полицијата.
  • Обвинителството смета дека Оксињски е одговорен и за убиството на своите родители и 21-годишната сестра. Нивните тела со прострелни рани беа откриени во семејниот дом во градот Островјец Свјентокшиски.
  • Во автомобилот на напаѓачот биле пронајдени две пушки, два пиштоли и околу 500 парчиња муниција. При нападот испукал „десетици, а можеби дури и неколку стотици“ куршуми.
  • Од март годинава имал дозвола за носење огнено оружје и посетувал стрелачки клуб заедно со својот татко, но немал криминално досие и не ѝ бил познат на полицијата.
  • „Засега немаме доволно информации за да утврдиме мотив“, изјави портпаролот на Националното обвинителство, Пшемислав Новак.
извор

Братот на Виктор Орбан приведен поради шверцување луѓе

9 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, е приведен под сомнение за шверцување луѓе.
  • Канцеларијата за заштита на имот и Националното биро за истраги објавија дека извршиле координирани рации и претреси во Будимпешта во случај против криминална група која обезбедувала дозволи за престој во Унгарија врз лажни основи на вработување.
  • Според неофицијални извештаи на локални медиуми, компанијата на Арон Орбан запишувала виетнамски државјани на дводневни курсеви за прва помош на Универзитетот во Печ, што им овозможувало полесно да добијат шенген-визи.

  • „Целта на оваа валкана игра е да се елиминира политичкиот противник и да се изгради еднопартиски систем. Јас сум целта, а мојот брат е само средство за постигнување на целта“, порача на Фејсбук поранешниот премиер Виктор Орбан.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
2

Чекајќи го Потегот

Разно
3

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина
4

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Балканштина
5

Вака идните генерации ќе учат историја

Забава
6

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Балканштина
7

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Балканштина
8

Гана да зборува, Франција да слуша, Македонија да разбере

Разно
1

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Свет
2

Oбединувањето ќе ја чини Ирска десетици милијарди евра годишно

Свет
3

Кина сеирџиски задоволна од изборите во САД

Мислења
4

Шефот на Nvidia призна афера со осомничена кинеска шпионка

5

Европа не собра доволно пари за воена помош за Украина

Свет
6

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
7

Дома кај убиецот од Полска се најдени уште три тела

8

Трамп нуди компромис за амнестија на мигранти

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Балканштина

Печење ракија, трет ден

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Самракот на цивилизацијата

Скопје во очите на Дамир Никшиќ

Fear and Loathing in Negotino

Херојската изведба на Симфонијата бр. 7 на Шостакович

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy