Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп нуди компромис за амнестија на мигранти

9 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп признава дека бил „премногу строг“ во однос на имиграцијата и на демократите - кои сега доминираат во двата дома на Конгресот - им понуди соработка за постигнување договор за амнестија на мигрантите.
  • Во интервју за програмата „60 минути“ на CBS Трамп оцени дека федералните агенти депортирале и „луѓе кои имале добри работни места“ и чиј единствен прекршок бил што влегле во земјата нелегално.
  • „Голем дел од земјата смета дека тие треба да бидат отстранети. А друг голем дел смета дека треба да им се дозволи да останат, доколку се добри луѓе... Со други зборови: отстранете ги убијците. Отстранете ги оние најопасните. Отстранете ги дилерите на дрога. Но, за луѓето што се веќе овде – а во некои случаи се тука и по десет или петнаесет години – најдете некое решение“ изјави Трамп.
  • Претседателот изјави дека е можен договор со демократите за „правен статус“ на нелегалните мигранти. Во изготвувањето реформа, спремен е да соработува со демократски конгресмени како новоизбраниот сенатор од Тексас, Џејмс Таларико.

извор

Шефот на Nvidia призна афера со осомничена кинеска шпионка

9 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Најголемиот производител на чипови во светот отвори истрага против својот извршен директор Џенсен Хуанг откако тој потврди дека имал вонбрачна врска со жена за која разузнавачките служби се сомневаат дека е кинески шпион.
  • Во меморандум на администрацијата на Трамп изготвен пред неколку месеци се истакнува дека Алис Хуанг, директорка на сингапурската компанија Megaspeed, веројатно била регрутирана од Министерството за државна безбедност на Кина за да извлекува деловни тајни од Џенсен Хуанг. САД веќе спроведуваа истрага против Megaspeed поради сомневања дека шверцувала чипови на Nvidia во Кина.
  • Nvidia претходно објави дека врската била „вообичаена соработка со клиент“.
  • Откако со години не се мешаше во политиката, Џенсен Хуанг брзо се приближи до Трамп и го придружуваше на официјалните посети на Кина и на Британија. Лобираше во Белата куќа за поблаги ограничувања за испорака на напредни чипови во Кина откако новите контроли на извозот во 2025 година целосно ѝ го блокираа пристапот на Nvidia до овој клучен пазар.
  • На прашањето зошто не презел ништо откако добил разузнавачки информации за сомневањата околу Хуанг, Трамп вчера изјави дека шефот на Nvidia завршил „неверојатна работа“ за САД и дека лично го смета за чесен човек.
извор

Нетанјаху на чекор до паѓање: Противникот доби мандат за влада

8 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
  • Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
  • Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
  • Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чекајќи го Потегот

Разно
2

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Балканштина
3

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина
4

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
5

Дома кај убиецот од Полска се најдени уште три тела

6

„Пред вратима спавала ко пас“ и слични хорори што турбо-фолкот ги претставува како љубов

7

Гана да зборува, Франција да слуша, Македонија да разбере

Разно
8

Вака идните генерации ќе учат историја

Забава
1

Дома кај убиецот од Полска се најдени уште три тела

2

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Животни
3

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Животни
4

Илон Маск се кае што праќал Старлинк во Украина

5

Хрватот кој ги советуваше српските студенти поднесе оставка

6

Владеењето на правото еродира во 26 европски земји

Разно
7

Нетанјаху на чекор до паѓање: Противникот доби мандат за влада

8

Сајбертракот на Тесла влегува во ќорсокак

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Балканштина

Печење ракија, трет ден

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Краставица? Не, благодарам

А вие мислите НБА се јаки фаци

Револуционерна донација

Чекајќи го автобусот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy