Да му умре демократијата на кошијата

Кина сеирџиски задоволна од изборите во САД

По неодамнешните американски избори, кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“ објави напис во кој го слави претстојниот крај на демократијата со оценка дека ‚митот‘ за демократијата од западен тип ја губи својата привлечност, дури и на самиот Запад. Кина не е единствената земја што во избореите во САД виде најава за своја долгорочна победа. Иран, на пример.

За Глобал Тајмс особено е важно растечкото незадоволство на западните граѓани од нивните системи:

Анкета објавена од истражувачкиот центар Пју оваа година покажува дека задоволството на јавноста од тоа како функционира демократијата во нивните земји драматично се намалува. Стапката на незадоволство изнесува 69 проценти во Франција, 68 проценти во Шпанија, 62 проценти во Италија, 47 проценти во Полска и 69 проценти во САД. Резултатите на други истакнати западни организации за анкетирање, вклучувајќи ги Ипсос и Галуп, укажуваат на истиот тренд: Незадоволството од функционирањето на демократијата во западните земји еволуира од изолирано незадоволство во широко распространето јавно расположение.

Комунистите се охрабрени од растечката поддршка за социјализмот и комунизмот на Западот. Новата анкета на „The Economist/YouGov“ се совпаѓа со други истражувања кои покажуваат зголемена поддршка за социјализмот меѓу демократите. Изненадува и поддршката за јавна сопственост врз некои индустрии.

Сепак, факт е дека повеќето Американци не го прифаќаат социјализмот или комунизмот. Неодамнешниот изборен исход е сличен на поразите што ги доживеаја Реган, Обама, Клинтон и други претседатели на изборите во средината на мандатот.

„Тоа не е марксистички мандат на кој се надеваа Демократските социјалисти на Америка или земјите како Кина и Иран. Тоа што дојде до уште една голема промена во американската политика е доказ за виталноста на демократијата, а не знак за нејзината смрт. Американците го искористија своето право на глас – нивниот глас беше слушнат и ќе биде земен предвид. Ќе биде бурно, но демократијата по природа е таква. Она што во земја како Кина - каде што нема никакви демократски елементи - би изгледало како хаос, всушност е начинот на кој функционира демократијата кај еден слободен народ“, пишува Џонатан Тарли, автор на делото „Недовршената приказна за американската револуција.“

 Има и други интересни процеси и состојби во јавното мислење во САД. Шест од десет луѓе, на пример, би биле задоволни ако Трамп биде соборен со воен пуч.

9 ноември 2026 - 10:55