Ерик е доктор и предава на факултет, Лиса е стоматолог. Парот деновиве пишале до Глоуб енд Меил и за да побараат совет како да ги балансираат парите и да не бидат константно во минус.
Според весникот двајцата живеат кај роднини без да плаќаат кирија, ама плаќаат даноци и сметки. Минатата година купиле зграда од 1,1 милион долари во која сакаат да се преселат. Ама со вкупни приходи од 450.000 долари и хипотека од 800.000 долари, не се сигурни дека можат да си ја дозволат куќата.
Освен хипотеката, тие имаат проблем и што секој месец се околу 6.000 долари во минус и покрај нето приходите од околу 25.000 долари месечно. Сепак тие не се откажуваат од намерата да ги праќаат децата во приватно училиште кое ќе ги чини 5.400 долари месечно.
Месечните трошоци им се 31.160 долари, за:
3.800 долари хипотека
1.000 долари данок на недвижности (за двата објекти)
490 долари сметки (вода, струја...)
90 долари осигурување
190 долари одржување, и градинар
800 долари превоз
2.000 долари храна, пијалаци, детергенти...
520 долари облека
1.000 долари активности на децата
5.400 долари школарина
600 долари летен камп
2.800 долари грижа за децата
320 долари подароци и добротворни организации
2.000 долари одмор и патувања
200 долари вечери и забава
200 долари спорт и хобија
400 долари разно (мебел, играчки)
50 долари здравствено осигурување
220 долари мобилни телефони
80 долари интернет и телефон
3.000 долари пензиско
6.000 долари професионални здруженија
Од весникот на Ерик му препорачуваат да фати уште една смена во болница, со што приходите би се заокружиле на 500.000 долари годишно, или да работи уште некој ден плус на факултет. Меѓу решенијата е и да не ги праќаат децата во приватно училиште, да не трошат 4.000 долари месечно на супермаркет и патувања, или да не градат куќа од милион долари.
"Како Ерик и Лиса не успеале да дојдат до овие исти заклучоци уште не ни е јасно," пишува во текстот на Ванкувер Сан.