Жу Јонгканг
Поранешниот член на Политбирото и началник на националната полиција, е уапсен во декември како дел од кампањата против корупцијата на Кси Џингпин. Ова е прв пат да се спроведе истрага на член на Политбирото.
Вкупниот запленет имот на Жу изнесува 16,05 милијарди долари.
Меѓу конфискуваните работи има:
- готовина откриена во резиденциите на Жу, во износ од 300 милиони долари (во долари, евра, фунти и франци)
- 62 автомобили, вклучувајќи воени џипови и туристички автобус
- 55 уметнички слики од познати сликари со пазарна вредност меѓу 128 и 161 милион долари
- стотици странски и домашни банкарски сметки на име на Жу и членови на неговото семејство на кои имало вкупно 6,06 милијарди долари
- хартии од вредност (нафта, авијација, вино и финансии) во износ од 8,24 милијарди долари
- странски хартии од вредност во износ од 27,3 милијарди долари
- 326 недвижнини низ Кина со вкупна вредност од 1,76 милијарди долари
- 42.850 грама (42,85 кг.) злато, сребро и златни монети.
Генерал Ксу Чаиху
Поранешен претседател на Централната воена комисија на Кина. По 7-месечна истрага во октомври призна дека земал мито за унапредување на луѓе низ армиската хиерархија.
Кога инспекторите влегуваат во неговата вила во Пекинг од 2.000 квадрати, во подрумот се најдени повеќе од еден тон пари во готовина, безбројни парчиња жад, смарагди, калиграфија и уметнички слики. Наводно биле потребни десет камиони за да се превезе запленетиот плен.
Парите биле најдени во кутии кои биле обележани со името на војникот кој добил унапредување. Најголемиот дел од кутиите никогаш не биле отворени.
Лиу Хан
Поранешниот рударски тајкун Лиу Хан е рангиран на 148-то место на листата на Форбс за најбогати кинески бизнисмени. Тој е осуден на смрт за "организирање и предводење на мафијашка организација и криминал." Тој беше раководител на рударскиот конгломерат Сичуан Ханлонг, додека во исто време беше прв човек на банда која извршуваше убиства, грабежи, напади, киднапирања, измами и местење договори.
Во времето кога е уапсен неговиот акумулиран имот се проценува на 6,4 милијарди долари, вклучувајќи и стотици автомобили како Ролс-Ројс, Бентли, Ферарија, 20 пиштоли и пушки, 677 куршуми, 2.163 куршуми за сачмарки и над 100 ножеви.
Гу Џуншан
Генералот е уапсен на почетокот од 2012-та заради учество во масовна за продажба на воени (функционерски) позиции. Целата шема генерирала поткуп од речиси 5 милијарди долари, од кои Џуншан задржал околу 100 милиони долари (2%).
На армијата и биле потребни 4 камиони за пренесување на сите запленети предмети од неговиот дом, меѓу кои визба полна со скапи вина и статуа од Мао од чисто злато.