Целна група на копчето се измислени вести за познати личности (умреле, направиле сообраќајка и сл), најразлични теории на заговор (Еве кој ги...), баснословни понуди (кликни тука и добиј куќа на море) и се што спаѓа во овој кош.
Копчето е во редовната функција за пријавување на пост, и кога доволно голем број на луѓе ќе обележат некоја вест за лажна Фејсбук ќе почне се помалку да ја прикажува во њузфид, а втор чекор е и да ја обележи со предупредување како лажна.
Освен бројот на пријави, Фејсбук ќе брои и колку пати корисниците објавиле некоја статија и инстантно ја избришале (откако сфатиле дека е лажна).
Според досегашното искуство на Фејсбук, сатиричните вести како Онион и слични сајтови, нема да имаат проблем со овој филтер затоа што "луѓето обично не ги пријавуваат сатиричните содржини кои треба да бидат хумористични, или содржини кои јасно се обележани како сатира."